28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоранешни вработени на Foxconn примале мито

Поранешни вработени на Foxconn примале мито

mito i k

Тајванските судските власти започнаа правна постапка против пет поранешни вработени на компанијата „Foxconn“, меѓу кои има и некои високо позиционирани менаџери.

Овие петтмина наводно добиле мито од десет различни добавувачи со вкупна вредност од околу 5.3 милиони долари. Во замена за „парична стимулација“ која пристигнувала од добавувачите, петмината обвинети се погрижиле дека испорачаната стока на добавувачите ќе ги помине сите тестови за безбедност, т.е. токму тие стоки „Foxconn“ да ги купи за своите потреби.

Како што веќе рековме, меѓу обвинетите се и поранешни високо позиционирани вработените во компанијата, а тука се и старите менаџери Лијао Ван-Ченг и Tенг Чин-Хиен.

„Foxconn“ во својата реакција на овие настани, истакна дека во моментов работат на ревизија на процесот на јавни набавки и интегритетот на своите менаџери.

Покрај тоа „Foxconn“ ќе бара финансиска оштета од десетте добавувачи кои се вклучени во оваа приказна, а за петте обвинети ги бараат најстрогите казни.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП