8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДовербата на француските потрошувачи остана стабилна

Довербата на француските потрошувачи остана стабилна

parizfrance1

Довербата на француските потрошувачи во домашната економија во мај остана стабилна, на ниво доста пониско од она во претходниот период, соопшти Националниот институт за статистика ИНСЕЕ.

Соодветниот индикатор за целокупната доверба на потрошувачите, согласно очекувањата на аналитичарите, забележа вредност од 85 поени во мај, колку и во април, кога се намали за три поени.

Вредноста на овој индикатор од 100 поени означува негово просечно ниво за долг период.

А подиндексот кој ги мери очекувањата за личните економски прилики порасна за пет процентни поени, по падот од шест поени во претходниот месец, така што се врати на нивото од летото во 2013 година.

Исто така, порасна и бројот на потрошувачи кои големите купувања ги сметаат за оправдани, па соодветниот индекс се зголеми за еден поен во однос на април.

Капацитетот на штедење на потрошувачите остана стабилен, додека очекувањата за во иднина се намалени за три поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП