4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради ЕЦБ, банките без 15 милиони евра

Поради ЕЦБ, банките без 15 милиони евра

1265130349538483f1c2298647580946_640x462

Најголемите банки во еврозоната поединечно ќе се соочат со годишен трошок во висина до 15 милиони евра, колку што ќе плаќаат за надзорот на Европската централна банка (ЕЦБ).

Се очекува дека трошоците поврзани со новата улога на оваа институција како единствен европски банкарски супервизор, која ја презема во ноември, ќе достигне сума од 260 милиони евра во 2015 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Во рамките на програмата „Единствен механизам за надзор“, ЕЦБ директно ќе надгледува 130 институции, кои се класифицирани како „важни“ поради вредноста на активата која надминува 30 милијарди евра. Помалите и помалку важни банки ќе останат под контрола на националните надзорни органи.

Прелиминарната анализа, исто така, говори дека годишниот трошок на банките за директниот надзор на ЕЦБ би можел да изнесува меѓу 150.000 евра до 15 милиони евра. Сепак, најголем број директно супервизирани банки ќе плаќаат од 700.000 евра до два милиони евра, проценуваат од ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП