16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилош Земан им завидува на Словаците за прифаќањето на еврото

Милош Земан им завидува на Словаците за прифаќањето на еврото

zeman gasparovic

„Би сакал да изразам завист дека Словачка влезе во еврозоната далеку порано од Чешка, која за тоа само размислува и размислува“, изјави чешкиот претседател Милош Земан во Прага, на последната средба со неговиот словачки колега Иван Гашпарович, кому за неколку дена му престанува функцијата.

Како што јави дописникот на МИА, Земан, кој е познат поборник за прием на европската валута во неговата земја, изрази надеж дека Чесите ќе успеат да се израмнат во овој поглед со Словачка и ќе го искористат нивното искуство при приемот на еврото со 70 процентна поддршка од популацијата.

Гашпарович, својот чешки колега го одликува со највисоко државно признание – Орден на Белиот Двоен крст, потенцирајќи дека признанието не е само за неговата работа на позицијата на претседател, туку и за неговата претходна 20-годишна работа, кога соработувал со Словачка како еден од политичките лидери на Чешката Република.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП