Добивката пред оданочување на „Vienna Insurance Group“ забележа пад од 4.7 % или до 151.8 милиони евра (207.2 милиони долари) за првото тримесечје од годината, информира „Reuters“.
Во исто време приходите на осигурителната компанија се зголеми за 1 % или до 2.73 милијарди евра. Прелиминарните очекувања на аналитичарите, кои учествувале во студијата на „Reuters“, беа за намалување на профитот пред оданочување за 7.5% или 147 милиони евра т.н. комбиниран сооднос, што е индикатор за профитабилноста која се подобрува до 96.4 % во споредба со 100.6 % на крајот на 2013-та година. Таа беше на ниво од 96,9 во првиот квартал на минатата година.
Еднократните одбивања во Италија и Романија го соборија профитот на компанијата за 2013-та година пред даноци за 37% или 355.1 милиони евра.
Главниот извршен директор на осигурителната компанија Петер Хаген минатиот месец изјави дека очекува филијалата на компанијата во Романија да излезе со профит. Компанијата исто така забележа сериозни загуби од осигурувањето на живот во Италија во минатата година.
„Vienna Insurance“ ја ограничи големината на активностите во Италија, така што ги прекина односите со многу брокери, менување на шефовите во земјата и се концентрира на клиентите во северна Италија, кои имаат и други осигурувања.