Смирувањето нечија лутина и ирационален бес може да делува фрустрирачки. Од друга страна, отфрлувањето на таквите луѓе е премногу лесно решение и на работа тоа не е секогаш достапна можност. Постојат неколку начини да ги ублажите средбите со лутите личности…
1. Не се нервирајте
Останете мирни. Кога лутите луѓе се во ваша близина, не реагирајте со бес. Тоа само ќе направи да помислат дека нивниот бес е оправдан, па ситуацијата ќе ескалира.
Вдишете длабоко и имајте на ум дека причините за лутина на другото лице не сте вие, туку нешто сосема друго. Вие сте само „примач“ на тоа непријателско однесување.
Лутите лица само бараат некој да ги сослуша. Направете го тоа смирено и тоа ќе биде доволно за разрешување на ситуацијата.
2. Ставете се на нивно место
Денот кога ќе се сретнете со лутото лице може да биде најлошиот ден во неговиот живот. Обидете се да се ставите во негова положба само за момент.
Помислете како би се чувствувале вие ако можеби сте ги изгубиле работата, партнерот или некоја друга важна личност. Секој има лош ден и тогаш мораме да разговараме меѓусебно.
3. Бидете јасни
За да избегнете недоразбирање и јазична бариера во комуникацијата, избегнете ги жаргонот и комплицираниот говор.
Она што ви е разбирливо на вас, не мора да им биде и на другите луѓе. Служете се со едноставни зборови.
4. Викајте ги по име
Луѓето не сакаат да се чувствуваат како број и како уште еден соговорник плус. Со користење на нивните имиња, ќе остварите поблизок однос со нив. Тие ќе чувствуваат дека се грижите за нивните проблеми и дека со нив разговарате како со рамноправен соговорник.
5. Покажете сочувство
На сите понекогаш ни е потребно некој да допре до нас и да ни помогне. Стресот и тагата често доведуваат до бес.
Покажете дека го разбирате тој бес и дека сте тука за да им го олесните проблемот. Не постои подобро чувство од она некој да се грижи за вас. Лутината во тие моменти исчезнува со неверојатна брзина.
6. Прифатете го фактот дека понекогаш не можете да им помогнете на другите
Понекогаш, без оглед на тоа колку се трудите, не постои начин да допрете до некого. Ако претходните совети не помагаат, оставете го лутото лице да го исфрли бесот на свој начин.
Кога ќе му помине бесот, можеби ќе стане поразумно. За жал, постојат и оние луѓе кај кои причините за бес се покомплицирани и со кои не можете да се изборите.