10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија ризикува да загуби десет милијарди евра

Италија ризикува да загуби десет милијарди евра

tricoloreitalianflag

Поради санкциите кон Русија, кои ЕУ ги воведе на барање на Вашингтон, Италија ризикува да загуби десет милијарди евра, но катастрофалните последици од санкциите допрва ќе пристигнат – пишува весникот „Џорнале“.

Партнерството на Русија и Кина е казна за Европа, наведува весникот.

Главен руски трговски партнер сеуште е Германија, но во наредните години ситуацијата значително ќе се влоши во цела ЕУ.

Да се казни Москва – всушност значи да се казни Европа и да се дестабилизира целата земјина топка, делејќи ја на геополитички зони, наведува весникот.

Со потпишувањето на долгорочните договори со Русија, Кина ја отвора вратата кон пазарите на Централна Азија, која на еден или друг начин е поврзана со Руската Федерација.

„Москва како центар на Евроазија, одлично согледува дека тежиштето незапирливо се поместува кон Истокот. Тоа за Русија не е никаков проблем, но за Европа е вистинска катастрофа“, предупредува „Џорнале“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП