5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRosneft и го врти грбот на Европа?

Rosneft и го врти грбот на Европа?

rosfneft20054

Рускиот нафтен гигант „Rosneft“ потпиша 12 договори со странски партнери на Меѓународниот економски самит во Санкт Петерсбург. Повеќето договори се со компании кои се од земји надвор од Европа.

Така „Rosneft“ со венецуелската нафтена компанија „PDVSA“ потпиша договор за снабдување со нафта и нафтени деривати, потоа со монголската компанија „Mongolia NIC“ договор вреден 1.3 милијарди долари, како и еден договор со виетнамската компанија „Petrovietnam“.

Со азербејџанската државна нафтена компанија „SOCAR“, „Rosneft“ договори основање заедничка компанија која ќе делува во Русија и Азербејџан.

Соработка, исто така е договрена со кубанската компанија „Union Cuba petroleo“, како и со индиската компанија „India’s Videsh“.

Со норвешката компанија „Statoil“, „Rosneft“ договори соработка, а со италијанскиот производител на гуми „Pirelli“ купување на удел во таа компанија и проширување на партнерството.

Meѓународниот економски самит во Санкт Петерсбург, познат како руски „Давос“ е одржан од 22-ри до 24-ти мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП