15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ е подготвена за договор за слободна трговија со Украина

ЕУ е подготвена за договор за слободна трговија со Украина

ekevropskakomisija298

Шефот на делегацијата на Европскиот парламент Гоеран Ферм ја најави вчера подготвеноста на Европската унија да потпише договор за слободна трговија со Украина и да ги продолжи договорите за безвизниот режим.

„Европската унија е подготвена да и пружи помош на Украина, како надворешно-политички, така и финансиски. Ние исто така, сме подготвени да потпишеме договор за слободна трговија и да ги завршиме преговорите за безвизниот режим, изјави Ферм на конференцијата за новинари во Киев.

Итар тас потесетува дека Европската комисија донела одлука привремено до 1 ноември 2014 година да ги намали царинските давачки за украинската стока испорачана во земјите на ЕУ. Според зборовите на потпретседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо, Киев, благодарение на тоа, ќе може да оствари економски придобивки од околу 500 милиони евра.

Одлуката за намалување на царинските давачки за украинската стока, ЕК ја донесе во рамките на пакетот помош од ЕУ за Украина, кој комисијата го одобри на 5-ти март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП