25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИмате масна кожа на лицето? Еве како да се грижите за неа...

Имате масна кожа на лицето? Еве како да се грижите за неа…

masnakozanegalice

Масната кожа на лицето е сјајна , со проширени пори и често со мозолчиња. Причините за масната кожа се различни – генетското наследство, неправилната исхрана, пореметувања на хормоналниот систем, употреба на неадекватни козметички препарати, неповолни временски услови ( жешко и влажно време ).

Масната кожа на лицето често се јавува кај тинејџерите поради хормоналните промени но може да се јави и во било кое животно доба. Многу луѓе имаат масна кожа во поедини делови на лицето а сува или нормална во останатите и таквата комбинација е карактеристична за мешовитиот тип на кожа.

Една добра вест за сите вас кои имате масна кожа на лицето: Во однос на другите типови на кожа, масната кожа старее многу побавно!

Препораки за исхрана на масната кожа

Доколку имате масна кожа потребно е да ја коригирате исхраната за да постигнете што е можно подобар ефект со посебната нега која ја користите. Уфрлете во исхраната голема количина свежо овошје и зеленчук. Погрижете се да имате редовен и доволен внес на витамини во организмот. Дури и малиот недостаток на витаминот Б2 може да предизвика масна кожа. Овој витамин се наоѓа во интегралните житарки, во оревите, гравот…

Пијте доволни количини вода во текот на денот за вашата кожа да биде добро хидрирана и за да ја забрзате елиминацијата на токсините од организмот.

Редуцирајте ја количината на маснотиите во исхраната, гответе без маснотии со животинско потекло и користете мали количини ладно цедено маслиново масло. Исфрлете го свинското месо и пржените јадења од вашето мени. Избегнувајте слатки , чоколади и брза храна.

Чистење на масната кожа

Прво лицето се чисти од нечистотијата или од остатоците од шминката, а потоа следи масажа и пилинг. Мијте го лицето со топла вода и со адекватен сапун за да спречите натрупување на маснотии во порите. Избегнувајте препарати кои ја сушат кожата затоа што со тоа се губи природната маснотија, а лојните жлезди се потикнуваат да работат уште повеќе. Гелот од алое е одличен за чистење на масната кожа.

Маски

Маските за лице подгответе ги сами. Глината која е без хемикалии и мириси лесно се подготвува и се користи, а можете да ја пронајдете во аптека.

Маска од краставици за масна кожа

– 1/2 краставица

– 1 белка

– 1 лажичка лимонов сок

– 1 лажичка нане

Измешајте го сето тоа и оставете да се излади 10 минути. Ставете ја смесата на лицето и оставете да стои 15 минути. После тоа одстранете ја маската и измијте го лицето со топла, а потоа и со ладна вода.

Маска од домати

Излупете еден зрел домат, одстранете ги семките и изгмечете го. Нанесете го на лицето и оставете да стои 15 минути. Додека ја држите маската на лицето легнете и опуштете се. Измијте го лицето со млака вода. Оваа маска е погодна за масната кожа со проширени пори.

Лонсион од рози

Во сад ставете латици од црвена роза и прелијте ги со дестилирана вода. Оставете ги да стојат 2 дена, процедете и додадете малку јаболков оцет. Со овој лонсион масирјате го лицето со движења од брадата кон челото. Тоа ја подобрува циркулацијата на кожата на лицето, а не одзема многу време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП