6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Не плаши упорно ниската инфлација“

„Не плаши упорно ниската инфлација“

mario2

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги потенцираше дека Европската централна банка претпазливо ја следи ситуацијата поради ризикот од упорно ниската инфлација.

„Во овој момент очекуваме дека ниската инфлација ќе трае подолг период, но дека потоа постепено ќе се врати на ниво од околу два проценти“, изјави Драги.

„Наша обврска е да бидеме претпазливи поради ризикот кој би може да произлезе и да бидеме подготвени за акција. Она поради кое во моментов мора да бидеме особено внимателни, според моето мислење, се потенцијалните негативни последици од ниската инфлација и ниските инфлаторни очекувања, особено во послабите земји“, потенцираше тој.

Инфлацијата во 18-члената еврозона во моментов е под целта на ЕЦБ од два проценти, при што, таа во април изнесуваше 0,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП