5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА8 нешта кои мора да ги имате на канцелариското биро

8 нешта кои мора да ги имате на канцелариското биро

38566_shutterstock-125769596

За време на работниот ден можете да наидете на голем број на обврски. За да се изборите со сите нив, потребно е да го опремите канцелариското биро. Еве како да го направите тоа…

Листа на дневни приоритети

Како да дојдете до целта ако не го одредите патот? Уште полесно ќе дојдете до резултати ако тој пат го напишете на хартија. Оваа метода применувајте ја на работа.

Деловните обврски внесете ги во краток список, поентата е да се фокусирате на клучните задачи. Колку помалку приоритети, толку помалку ќе бидете расфрлени на сите страни.

Полнач за телефон

Телефонот може да се испразни до крајот на работниот ден, затоа секогаш имајте полнач со вас. Нема никогаш да ви се случи поради празната батерија да не можете да остварите итен повик.

Шише со вода

Иако знаеме дека треба да пиеме доста вода, повеќето од нас не го прават тоа. Дехидрираниот мозок е „несреќен“ мозок кој не може да мисли брзо и јасно. Пијте повеќе вода за на работа да бидете фокусирани и продуктивни.

Здрави грицки

На работа често сте опкружени со нездрава храна. Иако, некое колаче нема многу да ви наштети, секако дека ќе се одрази на вашата линија. Затоа секогаш на вашето биро практикувајте да имате здрави грицки.

Хартиени марамчиња

Колку пати ви се случило да кивнете на работа, а немате марамчиња на дофат? Често, зарем не? Секогаш имајте при рака пакување хартиени марамчиња и така ќе ги спречите непријатностите.

Фотографии од драги личности

Тоа што вашите најблиски не се покрај вас, не значи дека не треба да мислите на нив.

Фотографии од семејството, пријателите или домашните миленици влијаат да имате подобро расположение. При моменти на незадоволство доволно ќе биде да ги погледнете тие фотографии.

Гуми за џвакање

Дали за ручек одбирате сендвич со туна? Вашиот избор може да го почувствуваат и вашите колеги. На работа често доаѓаме во интеракција со други луѓе, па најдобро е со средства за свеж здив да спречите некои непријатни ситуации.

Козметички и средства за лична хигиена

Не е на одмет во некоја фиока да имате дезодоранс, течност за испирање на устата, како и некои други производи за лична хигиена. Сетоа тоа ви треба во случај после работа да треба да отидете на некој состанок. Бидете професионални и набавете ги тие нешта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП