4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодинава нови 3,2 милиони невработени луѓе во светот

Годинава нови 3,2 милиони невработени луѓе во светот

unemployment

Бројот на невработени во светот ќе се зголеми за 3,2 милиони луѓе оваа година, така што вкупниот број на луѓе без работа ќе достигне околу 203,3 милиони луѓе, се наведува во извештајот за вработување, објавен денеска од Меѓународната организација за труд (MOT), пренесува ИТАР-ТАСС.

Според експертите на МОТ за пет години, односно во 2019 година бројот на невработени се очекува да се зголеми до 213 милиони лица.

Главен фактор на овој процес не е влошувањето на глобалната економска ситуација, туку зголемување на економски активното население, особено во земјите во развој.

На високо ниво останува и младинската невработеност, покажуваат објавените податоци.

Околу 13 проценти од луѓето на возраст меѓу 15 и 24 години немаат постојани приходи.

Тоа е еднакво на 73,6 милиони млади луѓе, што е за 4,1 милион повеќе во однос на 2007 година.

Извештајот е објавен пред претстојната 103-та сесија на Генералната конференција на Меѓународната организација за труд, што се одржува утре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП