4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПреполовени акциите на Twitter

Преполовени акциите на Twitter

twitter-trading-begins-2

По затворањето на Њујоршката берза во минатата недела, акциите на „Twitter“ ја забележаа најниската цена досега – 30,50 долари. Инвеститорите кои имаат акции на социјалната мрежа бележат голема загуба, поради тоа што пред една година истите акции вредеа дури 74,73 долари.

Откако се појавија на берзата, акциите на „Twitter“ имаа неколку лоши периоди, но сега за прв пат е забележан негативен тренд во траење од 9 дена.

Последниот пад на цената на акциите, а со самото тоа и на пазарната вредност на компанијата, сигурно ќе ги загрижи инвеститорите во технолошкиот сектор, затоа што „Twitter“ моментално е една од ретките глобални компании кои финансиски стојат лошо, односно не остваруваат заработувачка. Во споредба со„Amazon“, „Facebook“, „LinkedIn“ и слични компании, резултатот на „Twitter“ е лош уште од почетокот на годинава.

Доколку не се поправи трендот со приходите од реклами, а пред се негативниот тренд кој се однесува на бројот на активни корисници, американскиот финансиски сектор изразува голема загриженост за иднината на оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП