26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака би можеле да изгледаат новите VW Golf VIII, Ford Focus и...

Вака би можеле да изгледаат новите VW Golf VIII, Ford Focus и Opel Astra (фото)

novi

Актуелната, седма генерација на „Volkswagen Golf“ се појави во септември 2012-та година, додека новата осма генерација на германскиот бестселер се очекува кон крајот на 2017-та или во текот на 2018-та.

Како и досега, не треба да се очекуваат изненадувања во поглед на дизајнот, а овој цртеж на „Auto Bild“ покажува како евентуално би можел да изгледа „Golf VIII“.

Со еволуцијата во поглед на изгледот, „Golf VIII“ во однос на претходникот ќе донесе и напредок во полето на безбедноста, пространоста и удобноста, како и кога станува збор за поголемата економичност на погонските агрегати.

novi1

Пред „Golf VIII“ ќе се појави и новата „Opel Astra“, и тоа на средината на следната година. Прво во хечбек верзија со пет врати, а потоа во текот на 2015 и како седан и караван.

Во понудата ќе бидат и „Astra“ купе и кабрио, но нивното претставување на пазарот се очекува нешто подоцна.

Благодарејќи на значајно модифицираната платформа, новата „Astra“ ќе биде полесна од старата за 40 дo 80 kg, со подолго меѓуосовинско растојание и со повеќе место во ентериерот.

novi2

На крајот, во текот на 2017-та пристигнува и новата генерација на „Ford Focus“.

Меѓу моторите на новиот „Focus“ ќе се најде и 1.5 литарскиот четирицилиндарски „EcoBoost“ (со турбо полнач и директно вбризгување), како и 2.0 литарски бензински и дизел агрегати.

Исто така, во гамата ќе биде и „Focus Electric“, како и „plug-in“ хибридната верзија која би требало да комбинира 2.0 литарски бензински и електромотор со 120KS (просечната потрошувачка ќе изнесува околу 2,5 l/100 km). Хибридниот „Focus“ инаку ќе може и да се движи само на струја и тоа до 35 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП