2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines не ги сака Croatia, Adria и Montenegro Airlines

Turkish Airlines не ги сака Croatia, Adria и Montenegro Airlines

TC-JDK-Turkish-Airlines-Airbus-A340-300_PlanespottersNet_306416

„Turkish Airlines“ ги отфрли плановите за преземање на удел во „Croatia Airlines“, „Adria Airlines“ и „Montenegro Airlines“, а причината за тоа се лошите искуства со „BH Airlines“ каде беше 49-процентен сопственик.

Потпретседателот на „Turkish Airlines“ за маркетинг и продажба во источна Европа и на Балканот, Мехмет Баспинар, изјави дека неговата компанија сака целосна контрола во компаниите кои ги купува со цел да може целосно да ја спроведе својата стратегија. Но, тоа не е опција со оглед на законодавството на Европската унија, што ја ограничува странската сопственост во авиокомпаниите до 49 проценти.

Сакаме да станеме најсилна авиокомпанија во регионот и важен играч во светот. Се поголем дел од светот се ослонува на Истокот, како што тоа беше и во минатото. Затоа Балканот, Источна Европа, Украина, Кавказ и Турција се многу важни за развојот на стратегијата на нашата компанија, изјави Баспинар.

Баспинар го демантираше и интерсот на „Turkish Airlines“ за преземање на аеродромот Љубљана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП