2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската „Јагјемезлер“ ќе гради текстилен производен погон во ТИРЗ „Прдејци“

Турската „Јагјемезлер“ ќе гради текстилен производен погон во ТИРЗ „Прдејци“

14042014135706_tekstilni fabriki

Турската компанија „Јагјемезлер“ ќе гради текстилен производен погон во ТИРЗ „Прдејци“, кај Гевгелија.

„Јагјемезлер“ ќе отвори фабрика за производство на конфекциски елементи ќе вработи 250 лица.

Во погонот во Гевгелија ќе се произведуваат ластици за разни конфекциски производи наменети за странскиот пазар. Веќе одбравме локација во технолошката зона и по добивањето согласност ќе почнеме со изработка на проектот за изградба на фабриката, рече сопственикот на компанијата, Гунгор Кајс кој потенцира дека сообраќајната поврзаност на Гевгелија и близината до солунското пристаниште биле пресудни да инвестира во ТИРЗ „Прдејци“.

Градоначалникот Иван Франгов вели дека инвестиционата активност јасно ја потврдува поволната бизнис клима што ја нуди општина Гевгелија почнувајќи од климатско- сообраќајните погодности до создадените урбанистички предуслови и понудените поволности за вложување.

Со конфекцискиот погон во Штип,турската компанија веќе 13 години е присутна во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП