ПочетнаЕКОНОМИЈАРазочара деловната доверба во Германија

Разочара деловната доверба во Германија

4188722065382f15778e71423596844_640x491

Индексот на деловната  доверба во Германија е намален во мај, покажувајќи дека компаниите се помалку оптимистични во врска со иднината на бизнисот, покажуваат податоците на Институтот Ифо.

Тесно следениот индекс на деловната клима кој го пресметува Ифо, овој месец падна на 110,4 од 111,2 поени во април, пренесува агенцијата Франс прес.

Падот на индексот е малку поголем отколу што очекуваа аналитичарите, кои прогнозираа дека индексот ќе се намали на 111 поени. Компаниите веруваат дека нивната моментална ситуација не е поволна како што беше во април, наведува директорот на Институтот Ханс Вернер Зин.

Ифо индексот за довербата се пресметува врз основа на проценките на компаниите за моменталната состојба во бизнисите и прогнозата за наредните шест месеци. Подиндексот кој го мери моменталното работење е намален во мај на 114,8 од 115,3 поени во април, а подиндексот за прогнозите истовремено се намали на 106,2 од 107,3 поени.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП