28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRepsol целосно се повлече од Аргентина

Repsol целосно се повлече од Аргентина

The logo of Spanish energy company Repsol is seen outside a gas station in Madrid

Шпанскиот енергетски гигант „Repsol“ целосно се повлече од Аргентина, а за тоа доби и 6,3 милијарди долари (4,6 милијарди евра) компензација.

Веста за повлекувањето претставува последното поглавје од спорот кој се појави во април 2012 година, кога претседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, наложи национализација на YPF, во кој „Repsol“ имаше 51 процент, пренесува агенцијата Франс прес.

„Repsol“ го заврши процесот за ослободување од инвестициите во Аргентина“, наведе компанијата додавајќи дека заработила пет милијарди долари од продажбата на аргентинските обврзници кои ги доби од Буенос Аирес како компензација.

Последниот пакет обврзници беше продаден за 117,4 милиони долари.

„Приходите од тие потези ја зајакнаа нашата позиција, а тоа го увидоа и меѓународните рејтинг агенции“, наведуваат од компанијата.

Агенциите „Standard & Poor’s“ и „Moody’s“ го зголемија кредитниот рејтинг на „Repsol“ по излезот на оваа компанија од проблематичниот аргентински пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП