26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург нов ракометен шампион на Македонија

Металург нов ракометен шампион на Македонија

rukomet

Металург е новиот ракометен шамион на Македонија. Вчера во последното коло од националната супер лига во Битола, Металург го совлада Пелистер со 25:20 и обезбеди директен пласман во европската лига на шампиони.

Натпреварот резултатски беше рамноправен само во првите 15 минути од средбата, кога „пелистерци“ водеа со 5:4 и 6:5, а потоа една од најдобрите ракометни екипи во Европа ја презеде иницијативата и првото полувреме го реши во своја корист со резултат 15:10.

Во второто полувреме резултатската предност ја одржуваше најефикасниот играч на натпреварот, Ренато Вугринец кој постигна 11 голови и кој даде најголем придонес во конечниот резултат од 25:20 и победа за гостите од Скопје.

Битолската спортска јавност во спортската сала „Младост“ со аплауз го поздрави успехот и шампионската титула на Металург, а пехарот и медалјите на шампионите им ги додели директорот на Агенцијата за спорт и млади Марјан Спасевски.

Во пресрет на последниот натпревар од годинешната ракометна сезона, Ракометната федерација на Македонија на поранешниот ракометар од Битола Гоце Гроздановски- Моцартот, му додели посебно признание за неговиот 50-годишен активен ангажман и придонес во битолскиот и националниот ракомет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП