8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена стапката на невработеност во Словенија

Намалена стапката на невработеност во Словенија

slovenija1

Стапката на невработеност во Словенија во март изнесуваше 13,9 проценти, и беше за 0,3 проценти поени помала отколку еден месец претходно, а падот беше забележан меѓу младите лица.

Стапката на невработеност во јануари и февруари изнесувала 14,2 проценти, така што кај мажите беше 13,2 проценти, а кај жените 14,7 проценти, пренесуваат словенечките медиуми.

Намалувањето на стапката на невработеност во последните месеци е поизразено меѓу младите, но сепак во оваа категорија на лица (од 15 до 29 години) таа сеуште е многу висока и изнесува 24,2 проценти.

Невработеноста на младите до 29 години во последните пет години е двојно зголемена, а невработеноста на оние на возраст од 30 до 40 години е зголемена за 163 проценти, покажуваат податоците.

На крајот на март во Словенија имало вкупно 126,730 невработени лица, а работеле 787,600 лица. Бројот на активни лица е намален за 2,400 во однос на март 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП