6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДесетта за Реал или прва за Атлетико?

Десетта за Реал или прва за Атлетико?

finale ls

Дојде и најважниот ден од календарот на европскиот клупски фудбал . Вечерва во Лисабон ќе биде одреден новиот носител на трофејот од Лигата на Шампионите. Баерн Минхен не можеше да ја одбрани титулата од минатата година и беше поразен во полуфиналето од Реал Мадрид.

„Кралскиот клуб“ атакува кон рекордната десетта титула во ова првенство, но против себе ќе има ривал, кој е решен да го запре и да ја дофати славата за себе.

Атлетико Мадрид – малкумина очекуваа „јорганџиите“ да стигнат до големото финале, но во текот на сезоната тимот на Диего Симеоне покажуваше класа, дух и дисциплина, кои му помогнаа да триумфира во Примера и да ги потчини гиганти како Милан, Барселона и Челзи во Лигата на Шампионите.

Точно 40 години по драмата против Баерн, Атлетико повторно ќе се обиде да се искачи на европскиот врв, а за навивачите на тимот радоста ќе е двојно поголема, ако тоа се случи со победа против градскиот ривал.

Финалето на стадионот „Луж“ во португалската престолнина е историски, бидејќи за прв пат во директен дуел за титулата ќе се соочат два тима од еден град. Инаку Реал има добра предност во натпреварите против Атлетико во сите натпреварувања – 143 победи, 64 порази и 57 реми. Во евротурнирите мадридските гиганти се сретнале во далечната 1959-та година. Таа средба беше во полуфиналето на турнирот за КЕШ, Реал победи во првиот натпревар со 2:1, а Атлетико трумфираше во реваншот – 1:0. Крајниот победник се доби по дополнителен дуел, во кој со головите на легендите Афредо ди Стефано и Ференц Пушкаш, Реал успева да се победи со 2:1 и да се пласира во финалето.

finale ls1

Во оваа сезона ривалите се сретнаа вкупно 4 пати. Атлетико победи со 1:0 на „Бернабеу“ во првенство, а натпреварот на „Висенте Калдерон“ заврши 2:2. Во полуфиналниот судир од Купот на кралот „белите“ забележаа две победи, а потоа ја совладаа и Барселона во финалето.

Реал ќе се потпира на суперѕвездата Кристијано Роналдо и на огромното искуство на Карло Анчелоти, кој го освоил трофејот и како фудбалер, и како тренер. Атлетико сепак уште не го познава вкусот на поразот во Лигата на Шампионите, а и играчите на Симеоне сигурно не трпат толку голем притисок, откако веќе триумфираа во Примера.

Повеќе кадровски проблеми пред дуелот во Лисабон има Анчелоти. Италијанецот сигурно нема да може да смета на диригентот во средината на теренот, Чаби Алонсо, кој е казнет . Неговиот заменик најверојатно ќе е Асиер Илјараменди, но не е исклучено Карло во последен момент да се потпре на неодамна опоравениот Сами Кедира. Кристијано Роналдо и Герет Бејл веќе се здрави и ќе се главните оружја на кралскиот клуб. Повреди сепак ги мачат Карим Бензема и Пепе, а како што рече Анчелоти, тој ќе одлучи дали да ги пушти во стартниот состав неколку часа пред натпреварот. Со поголеми шанси да игра е Французинот, а фаворит за местото на Пепе во центарот на одбраната е Рафаел Варан. Тој мора да соработува со херојот од реваншот со Баерн, Серхио Рамос, а Даниел Карвахал и Фабио Коентрао ќе дејствуваат по двете страни. Во средниот ред сигурно ќе започне Анхел ди Марија и Лука Модриќ, а на голот ќе е Икер Касиљас.

FBL-EUR-C1-ATLETICO-BARCELONA

Во Атлетико цела недела треперат за состојбата на голгетерот Диего Коста, но по посетата на Белград кај српската докторка Маријана Ковачевиќ, Бразилецот со шпански пасош ги обнови тренинзите и се очекува да го поведе нападот на „јорганџиите“. До него ќе игра Давид Виља, а во средината на теренот ќе е четворката Коке, Габи, Марио Суарез и Арда Туран. Турчинот исто страдаше од повреда, но ќе биде подготвен за големиот судир. На голот на Атлетико ќе е одличниот Тибо Куртуа, а пред него ќе дејствуваат Хуанфран, Диего Годин, Жоао Миранда и Филипе Луис.

Судија на финалето ќе е холанѓанецот Бјорн Куперс. Повеќе од 35.000 шпански навивачи ќе заземаат места на трибините на „Луж“, а барем уште толку ќе останат надвор од стадионот. Навивачите на двата тима кои ќе останат во Мадрид, пак, ќе можат да ја гледаат битката на огромни екрани на своите стадиони.

Влогот е направен, целта е јасна, останува да дознаеме кој ќе е најголем победник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП