18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRaiffeisen Bank International: Благ раст на добивката, наскоро враќање на државната помош

Raiffeisen Bank International: Благ раст на добивката, наскоро враќање на државната помош

RBA3_0_0_468X10000

Австриската банка „Raiffeisen Bank International“ денес извести за благ раст на добивката во првото тромесечје од оваа година, воедно најавувајќи и враќање на државната помош.

Нето добивката на „RBI“ пораснала во првото тромесечје за 2,5 проценти во однос на истиот период минатата година и изнесува 161 милион евра.

Покрај тоа, нето приходите од каматите скокнале за 13,2 проценти, на 979 милиони евра.

Резервациите за ризици во Украина повторно се зголемени во првото тромесечје оваа година на 92 милиони евра, од 27-те милиони евра колку што изнесувале во претходните три месеци, поради падот на вредноста на украинската валута и проблемите со враќањето на хипотекарните кредити. „RBI“ вкупно ги зголеми резервациите за 28,1 процент, во однос на истиот период минатата година, на 281 милион евра.

Банката ја промени прогнозата за нивото на кредитниот пласман и резервациите за ризици во целата 2014 година. Сега очекува дека кредитниот пласман ќе остане на минатогодишното ниво додека порано очекуваа негов благ раст. Резервациите за ризици, пак, би требале да пораснат на 1,3 до 1,4 милијарди евра, во однос на минатогодишните 1,15 милијарди евра.

Притоа напоменуваат дека на резултатите би можела да влијае и проверката на квалитетот на имотот која ќе ја спроведе Европската централна банка како и евентуалното влошување на ситуацијата во Украина и Русија.

Исто така, најавија дека за три до четири недели во целост или делумно ќе ја вратат државната помош од 1,75 милијарди евра која ја добија во времето на финансиската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП