2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите: Воведувањето на еврото е неуспех

Французите: Воведувањето на еврото е неуспех

euro2

Еврото, кое како заедничка монета на 18 членки на ЕУ е воведено пред 12 години, за 40 проценти од французите е неуспех.

Истовремено, 27 проценти од испитаниците валутата на еврозоната ја сметаат за успешна, покажува студијата на истражувачкиот центар „OpinionWay“.

Истражувањето покажува и дека 32 проценти од граѓаните на Франција имаат неутрален став по ова прашање, и за нив воведувањето на еврото во најмногу случаи не претставува ниту успех ниту неуспех, пишува францускиот весник „Le Monde“.

Исто така, 40 проценти од анкетираните сметаат дека еврото било корисно за конкурентноста на француската економија, додека 34 проценти од нив мислат спротивно, а 26 проценти од испитаниците сметаат дека новата валута не влијаела на конкурентноста на националната економија.

Французите се најстроги во оценувањето на еврото од аспект на влијанието на цените на домашните пазари и на отворањето на нови работни места. Така, 65 проценти од нив сметаат дека еврото било штетно од гледна точка на трошоците, а 43 проценти од испитаниците оценуваат дека еврото негативно влијаело на креирањето на нови работни места.

Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од 946 полнолетни лица во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП