29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОАЕ го зголемува производството на нафта за 25 проценти

ОАЕ го зголемува производството на нафта за 25 проценти

naftajnxdew7yfr34tf43

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) планираат до 2017 година да го зголемат производството на нафта за 25 проценти, од 2,8 милиони барели дневно на 3,5 милиони барели.

„Дел од додатното производство ќе оди на светскиот пазар, а дел во нашите рафинерии“, објасни министерот за енергетика на земјата, Мохамед Фараж Ал Мазруеј во интервјуто за Итар Тас, во текот на меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Целта за зголемување на производството, според зборовите на министерот, е да се задоволи побарувачката која расте, не само во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), туки и во земјите на Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК), кои развиваат сопствена преработка.

„Побарувачката расте, а можностите на некои производители веќе го достигнаа својот максимум“, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП