27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays повторно ќе плати казна, но овој пат за златото

Barclays повторно ќе плати казна, но овој пат за златото

barclays_35

Британското регулаторно тело ја казни банката „Barclays“ поради пропусти во раководењето, кои им овозможиле на работниците во банката да направат несoодветна трговија на пазарот на злато.

Управата за финансиски активности „Financial Conduct Authority“, одреди казна од 26 милиони фунти за оваа банка.

Ова тело како причина ги наведува акциите преземени на 28 јуни 2012 година кога еден трговец ја „искористил слабоста на системот на „Barclays“ за да влијае на одредувањето на цената и премијата за злато, на сметка на клиентите.

Извршниот директор на „Barclays“ Ентони Џенкинс изрази жалење поради ситуацијата која ги довела до казна. Тој изјави дека банката ги зајакнала своите системи и контроли кои ќе спречат нешто вакво повторно да се случи.

Трговецот за кој станува збор, исто така е казнет и забранета му е понатамошна работа во таа индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП