6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Близу“ со донација за Скопската зоолошка градина

„Близу“ со донација за Скопската зоолошка градина

blizoo_zoo_logo

Телекомуникацискиот оператор донира униформи за сите вработени во Зоолошката градина како дел од акцијата „Близупријател на Скопје зоо“ и најави понатамошна поддршка на Зоолошката градина

Телекомуникацискиот оператор „Близу“и Скопската зоолошка градина денес го означија почетокот на меѓусебната соработка преку проектот „Близупријател на Скопје зоо“. Почетокот на оваа соработка е донацијата на униформи за сите вработени во Зоолошката градина, како и подновување на влезот на објектот.

„Оваа донација и овој проект воопшто се само почеток на отворениот однос и позитивниот пристап на Близу кон Скопската зоолошка градина, кој планираме да го задржиме низ годините кои следуваат. Нашата компанија е голем поборник за правилен третман на животните и се надеваме дека дел по дел, година во година, нашата соработка ќе има само нагорна линија”, изјави Искра Секуловска, маркетинг-директор во „Близу“ .

Од операторот најавија бројни настани, едукација  и забава за најмалите во Скопската зоолошка градина во претстојниот период.

blizoo_SkopjeZoo

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП