1 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИVisa и MasterCard остануваат во Русија

Visa и MasterCard остануваат во Русија

visa-mastercardjhuy76t54

Компаниите „Visa“ и „MasterCard“ остануваат да работат во Русија, соопштија денес нивните претставници.

Како што пренесува Итар тас, заменик премиерот на Русија Игор Шувалов и министерот за финансии Антон Силуанов започнаа со преговорите со претставниците на „Visa“ и „MasterCard“.

Според изворот, руската страна е подготвена да го прифати моделот на соработка кој се применува во Турција и Белорусија.

Генералниот директор на компанијата „Uniteller“ (провајдер на „Visa“ и „MasterCard“ во Русија) Алексеј Богатинов изјави дека руската страна му дава предност на турскиот модел.

Во Турција сите внатрешни трансакции на почетокот поминуваа низ едноставна обработка, а подоцна беа приклучени „Visa“ и „MasterCard“ за меѓународните трансакции, објасни Богатинов.

Американските компании за кредитните картички „Visa“ и „MasterCard“ во март ги прекинаа своите услуги за клиентите на повеќе руски банки по објавата на Вашингтон дека ќе бидат воведени санкции кон Русија поради спојувањето со Крим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар