2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Русија потпишаа Меморандум за соработка од областа на метрологијата

Македонија и Русија потпишаа Меморандум за соработка од областа на метрологијата

makedonija-i-rusija1gt43rt43rt43r34

Бирото за метрологија и Федералната Агенција за Техничко Законодавство и Метрологија (Росстандарт), денеска во Москва потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во област на метрологијата.

Како што соопштија од Министерството за економија, во Меморандумот за разбирање и соработка се предвидува унапредување на соработката во размена на знаења, учество во научно-истражувачки проекти, трансфер на знаење преку организација на обуки на вработените и учество на семинари, како и развој и воведување на нови методи и мерни техники во секојдневната работа.

Меморандумот претставува рамка, односно ја дефинира веќе иницираната соработка со Федералната Агенција за Техничко Законодавство и Метрологија со цел македонските метролози да имаат пристап до врвна обука, како и стручните лица од Русија да можат да го пренесат своето знаење и искуство, со можност за научна надградба што ги нуди оваа врвна институција, стои во соопштението.

Меморандумот посебно ќе се фокусира на унапредување, развој на потенцијалите и размена на искуства како во законската метрологија, така и во научно-истражувачката работа на Бирото за метрологија која е во својот зачеток.

Во рамки на потпишувањето на Меморандумот била реализирана работна посета на Националниот метролошки институт на Русија (ВНИИМС) и на Рускиот научен Институт за истражување на физичко-технички мерења (ВНИИФТРИ) чија што главна дејност е реализација на мерни еталони за повеќе области на мерење и дисеминација на мерните единици на национално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП