25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГермански „ODW ELEKTRIK“ од есен стартува со производство во Охрид

Германски „ODW ELEKTRIK“ од есен стартува со производство во Охрид

odvelektrik

Компанијата „ODW ELEKTRIK“ што ќе гради свој производствен комплекс во Охрид планира со производниот процес да стартува кон крајот на август или почетокот од септември оваа година.

Германската компанија што произведува електрични инсталации за познатите автомобилски брендови „Мерцедес“, „Порше“, „БМВ“ и „Фолсваген“, планира процесот да го стартува во постоечки производствен објект во Охрид, а подоцна производството да го префрли во целосно нов објект што би се градел во слободната економска зона, лоцирана во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.

Според информациите од локалната самоуправа, на самиот почетокот во фирмата е предвидено да почнат да работат 30 лица. Претставници на менаџерскиот тим на германската компанија веќе спровеле интервју со потенцијалните кандидати за вработување.

Првовработените е предвидено да заминат на обука во фабриката на „ODW ELEKTRIK“ во Украина, и тие ќе бидат идните едукатори за наредните вработени лица, чиј број се планира да биде некаде околу илјада.

Градоначалникот на Охрид оствари работна средба со еден од сопствениците и дел од менаџерскиот тим на компанијата, на која било разговарано за финалните подготовки и за евентуалната помош односно олеснувањата што Општина Охрид ги предвидува за инвеститорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП