5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го зголеми рејтингот на Шпанија

S&P го зголеми рејтингот на Шпанија

shpanija6

Рејтинг агенцијата „Standard & Poor’s – S&P “ го зголеми денес кредитниот рејтинг на Шпанија за еден степен на „БББ“ од „БББ-“

Во образложението за одлуката се наведува дека структурните реформи придонеле за економски раст и подобра прогноза за наредниот период.

Реформите започнати во 2010 година поттикнаа економски раст и конкурентност, наведува „S&P“ додавајќи дека прогнозата за рејтингот на Шпанија е стабилна, пренесува агенцијата Франс прес.

Четвртатата по големина економија во еврозоната потона во рецесија во 2008 година, по „пукањето“ на балонот на пазарот на недвижнини, поради кој милиони луѓе останаа без работа.

Шпанската економија од средината на 2013 година постепено се опоравува од двегодиниот пад на бруто домашниот производ, а во првиот овогодишен квартал евидентиран е раст од 0,4 проценти, што е најдобриот резултат во последните шест години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП