11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ќе и исплати на Грција 3,5 милијарди евра

ММФ ќе и исплати на Грција 3,5 милијарди евра

fe0f7f2a01be550ba256575f3c348fa1

Меѓународниот монетарен фонд е подготвен на крајот на мај да и ја исплати на Грција новата транша помош од 3,5 милијарди евра, изјави портпаролот на оваа институција, Гери Рајс.

„Членовите на извршниот одбор на ММФ ќе се состанат на 30 мај за да разговараат за исплатата на ратата“, изјави Рајс, пренесува агенцијата Франс прес.

Се очекува дека одборот ќе даде „зелено светло“ за давање на 3,5 милијарди евра помош во Грција, додека според првичниот договор, ММФ до крајот на мај 2013 година требаше да и исплати на Грција 1,7 милијарди евра, но тоа беше одложено поради неуспехот на Атина да ги испочитува обврските договорени во замена за добивање на меѓународен пакет помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП