6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка го послуша Ердоган

Централната банка го послуша Ердоган

1804377687537df99b7d048331830160_640x458

Централната банка на Турција ја намали референтната каматна стапка за прв пат во последната година, и покрај екстремно високата стапка на инфлација.

„Помалата неизвесност и позитивните индикатори во однос на премијата за ризик влијаеа на тоа да ја намалиме еднонеделната репо каматната стапка за 50 базични поени на 9,5 проценти“, се наведува во соопштението на банката, пренесува Ројтерс.

Со желба да се оддржи рекордно намалениот економски раст, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, минатиот месец повика на намалување на каматните стапки, со образложение дека победата на неговата владеачка партија на локалните избори ја намалила политичката неизвесност во земјата и ја вратила довербата кај инвеститорите.

Турската валута лира утринава за момент падна на 2,1 долари, но подоцна се опорави на 2,09 долари.

Ердоган веќе долго време се противи на високите трошоци на задолжување, обвинувајќи ги странските инвеститори и шпекуланти за заговор во зголемувањето на каматните стапки на штета на економското здравје на Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП