9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААпел до велешките земјоделци да поднесат барање за субвенции до 31 мај

Апел до велешките земјоделци да поднесат барање за субвенции до 31 мај

zemjodelcidij38ru3ur3

Од Подрачната единица на Министерството Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес ги потсетуваат земјоделците дека рокот за поднесување барања за субвенции е 31 мај.

Ангел Димов од Подрачната единица на Министертсвото за земјоделство шумарство и водостопанство во Велес упати апел до земјоделците во поширокиот велешки регион, а кои се уште не поднеле барање, да се обратат во Подрачната единица каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок,31 мај годинава.

Димов појасни дека стриктното почитување на рокот на поднесување барање за финансиска поддршка, треба да овозможи навремено спроведување на сите потребни постапки за обработка на барањата и исплата на средствата согласно предвидениот распоред во текот на годината кој е усогласен со типот на земјоделското производство.

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, а врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистер на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни. Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесувањето на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор, потенцира Димов.

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес годишно се поднесуваат околу 4000 барања за субвенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП