ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Грција инвестирани речиси 40 милијарди евра

Во Грција инвестирани речиси 40 милијарди евра

grcijavremepari514s4a65er

Инвестиции од 37,6 милијарди евра се реализирани во Грција од промената на власта во јуни 2012 година, изјави министерот за развој Костис Хакидакис.

Меѓутоа, повеќе од една четвртина од тие средства, околу 10 милијарди евра, сеуште се во фаза на планирање, во која се „заглави“ и адаптацијата на стариот атински аеродром „Елинико“ како и изградбата на Транс-јадранскиот гасовод (TAP), пишува грчкиот весник Катимерини.

Инвестициите вклучуваат 5,5 милијарди евра за изградба на делови од најважната мрежа на автопати, приватизацијата вредна 3,13 милијарди евра, зголемувањето на капиталот на компаниите, спојувањата и аквизициите од 4,67 милијарди евра и зголемувањето на капиталот на четирите најголеми банки од 8,1 милијарди евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП