9 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПет тони сокови - Бифрут за настраданите од поплавите во регионот

Пет тони сокови – Бифрут за настраданите од поплавите во регионот

kamion

Компанијата БИМИЛК се вклучи во хуманитарната акција за помош на настраданите од поплавите во подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина. Во наредните два дена преку Црвениот крст на Република Македонија, БИМИЛКќе испрати 19.000 сокови БИФРУТ, односно вкупно 5 тони сок до загрозените подрачја.

По вестите за природната катастрофа која го опфати регионот, БИМИЛК веднаш се  активира во насока на помош на настраданите лица. Следејќи ги насоките и апелите на хуманитарните организации на погодените држави и апелот на Црвениот крст на Република Македонија, помошта во храна е на врвот од најпотребните артикли. Оттука БИМИЛК ги презеде сите активности за реализација на донацијата од прехранбените артикли од својата програма – природните овошни сокови „БИФРУТ“.

asd

БИМИЛК и понатаму ќе ги следи состојбите и развојот на ситуацијата во поплавените региони со цел навремено да одговори на сите апели за хуманитарна помош, кои ќе овозможат што полесно надминување на оваа хуманитарна непогода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар