8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUnilever на Јапонци ги продаде Ragu и Bertolli

Unilever на Јапонци ги продаде Ragu и Bertolli

unilever pro

Британско-холандската козметичка и прехрамбена компанија „Unilever“ договори продажба на брендовите „Ragu“ и „Bertolli“ на јапонската групација „Mizkan“ зa 2.15 милијарди долари.

„Ragu“ е најпродаваниот сос за тестенини во САД, а заедно со „Bertolli“ на компанијата годишно и носат приходи од 600 милиони долари.

Во договорот се опфатени и двете фабрики за производство и пакување на сосови во Кентаки и погонот за обработка на домати во Калифорнија.

Групацијата „Mizkan“ е приватна компанија со повеќе од 200 години долга традиција во Јапонија, која сака да го прошири своето меѓународно присуство во светот, по влошувањето на прогнозата за работење на домашниот пазар која се должи на брзото стареење на населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП