2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе уште се чека потврда за афлатоксините во млекото на „Дукат“ увезено...

Се уште се чека потврда за афлатоксините во млекото на „Дукат“ увезено во Македонија

mleko11

Агенцијата за храна и ветеринарство чека официјална потврда на добиените прелиминарни резултати од анализираните мостри млеко за испитување евентуално зголемено присуство на афлатоксинот М1.

Анализите се вршат во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина согласно акредитираната методологија по ИСО стандарди за ваков тип испитувања.

Станува збор за мострите земени од увезените 360 литри млеко од хрватскиот производител „Дукат“ кои се наоѓаат во магацините на увозниците, а за кои, по алармот на хрватските ветеринарни власти дека одредени шаржи имаат зголемена концентрација на афлатоксин М1, Агенцијата за храна издаде забрана за пуштање во промет.

Агенцијата, како што соопшти, ги засили инспекциските контроли на домашниот пазар и при увоз и нареди задолжително земање мостри за лабораториско испитување на млекото со задолжително испитување на афлатоксини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП