14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕНЕЛ ќе трага по јаглеводороди во Западна Грција

ЕНЕЛ ќе трага по јаглеводороди во Западна Грција

Sede_Enelgreece

Грчкото Министерство за животна средина, енергетика и климатски промени и одобри на италијанската енергетска компанија ЕНЕЛ да започне со потрага по јаглеводороди во три реони во Западна Грција, јави грчкото Радио Скајп.

Со одлуката на Министерството се предвидува ЕНЕЛ да врши истражувања во реоните на Арта и Превеза во областа Етолоакарнанија и во северозападниот дел на полуостровот Пелопонез.

Радиото наведува дека се очекува во следниот период Грција да одобри истражување и експлоатација на јаглеводороди и на други компании, со што државата би привлекла инвестиции во износ од 700 милиони евра.

Грчкиот премиер Андонис Самарас неодамна изјави дека Грција очекуква од експлоатација на јаглеводороди во следните 30 години да оствари приход од околу 150 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП