25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако паметно да заштедите пари

Како паметно да заштедите пари

Man holding piggy bank. Shallow DOF

Иако добар начин да заштедите е да избегнувате да трошите пари на скапи нешта, сепак, најдобар начин да заштедите е да скратите нешто од работите за кои често трошите пари. Еве неколку места каде можете да заштедите:

12349_shutterstock_11316982_630x0

1. Комуналии

Кога се во прашање сметките за телефон и интернет постојат многу начини да заштедите. За почеток, можете да се определите за основниот пакет на кабловска телевизија кој е најевтин, или за пакетот интернет со помала брзина. Исто така, постојат и посебни понуди да плаќате телефон, интернет и телевизија по пониска цена.

А, за да заштедите на струја, заменете ги сите сијалици со еколошки, долготрајни и секогаш исклучувајте ги од струја сите апарати ако не ги користите.  Исто така, ограничете ја количината на вода во болјерот која ја загревате, а која ќе ви биде сосема доволна за секојдневно одржување на хигиената.

32003_shutterstock_21772933_630x0

2. Храна

Почнете да ја подготвувате храната и кафето од дома и сето тоа да го носите на работа. Експертите советуваат, наместо да правите шопинг листа, направете неделно мени до кое ќе се придржувате при купувањето на намирниците. Причина за ова е избегнување на натрупување на храна која подоцна ќе мора да ја фрлите бидејќи нема да може да ја изедете или пак ќе се расипе. Ако не успеете да изедете се што сте подготвиле за ручек, искористете го за вечера или за утрешниот ручек. Така ќе заштедите повеќе пари.

37410_bioskop_630x0

3. Ноќен живот

Гледајте филмови дома наместо да трошите пари за во кино. Или, организирајте собир на пријателите кај вас дома, поделете ги парите за храна и пијалок со што трошоците сигурно ќе бидат помали отколку да излезете во ресторан. Ако обожавате да одите во клуб, направете забава дома, спремете едноставни и евтини коктели и сите ќе си поминете феноменално. Само информирајте ги комшиите на време!

18383_shutterstock_58404043_630x0

4. Превоз

Ако е тоа можно, максимално искористете го јавниот градски превоз. Исто така, ако местото каде сте се упатиле е релативно блиску, одете пешки или со велосипед. Освен тоа, можете со колегите од работа кои имаат автомобил да ги поделите трошоците за гориво и да се возите со нив до работа.

11687_opustanje_shutterstock_58077343_630x0

5. Шопинг

Сите сакаат да најдат нешто добро на попуст, но никако не е добро константно да бидете бомбардирани со специјални понуди и попусти. Одјавете се од сите рекламни мејлови кои ви пристигнуваат секојдневно и ве информираат околу попустите. Кога е потребно, искористете го тоа што ви се нуди. Но, никако немојте да го практикувате тоа често.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП