27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeloitte во потрага на 50 технолошки компании со најбрз раст во Средна...

Deloitte во потрага на 50 технолошки компании со најбрз раст во Средна Европа

deloitte224

„Deloitte“ најавува почеток на процесот за регистрација на конкурсот за избор на технолошки компании со најбрз раст во Средна Европа – „Technology Fast 50“. Во овој конкурс можат да учествуваат компании од регионот на Средна Европа (Македонија, Албанија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Естонија, Хрватска, Летонија, Литванија, Унгарија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија и Србија).

Целта на проектот, кој во Средна Европа се спроведува 15 години по ред, е формирање на листа на 50-те технолошки компании со најбрз раст, потоа ранг листа „Ѕвездите во пораст“, како и „Големите 5“. Конкурсот ќе биде отворен до 17-ти јули 2014-та, додека ранг листите на компаниите со најбрз раст и победниците ќе бидат објавени во октомври. Критериумите од конкурсот ќе ви ги претставиме во продолжение.

– 50-те најбрзо растечки (Fast 50): Компаниите чиј приход во секоја од изминатите пет години (2009.-2013.) надминува 50.000 eвра; Компаниите чие седиште се наоѓа во една од земјите од Средна Европа (Македонија, Албанија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Естонија, Хрватска, Летонија, Литванија, Унгарија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија и Србија); Компаниите кои развиваат или произведуваат сопствена технологија или вложуваат значителни средства во истражување и развој; Компаниите кои не се претставништва, односно не се во мнозинска сопственост на некоја друга компанија.

– Ѕвездите во пораст: Во оваа категорија „Deloitte“ ги рангира компаниите кои работат од 3 до 5 години, при што приходот во секоја година надминува 30.000 евра.

– Големите 5: Во оваа категорија „Deloitte“ ги рангира компаниите чии приходи во 2013-та надминале 25 милиони евра, а со тоа ги задоволуваат сите останати критериуми наведени во категоријата „50-те најбрзо растечки“.

Повеќе информации за критериумите кои се потребни за да се задоволат за учествуво на конкурсот може да се пронајдат на интернет страната на „Deloitte“. Компаниите кои ќе се пријават на конкурсот за средноевропски, автоматски учествуваат и во „Deloitte EMEA Technology Fast 500“.

http://www2.deloitte.com/content/www/global/en/pages/about-deloitte/articles/technology-fast50-ce.html

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП