Буџетскиот дефицит, каматните трошоци и одложувањето на реформите доведоа до силен раст на јавниот долг на Хрватска – економистите предвидуваат дека јавниот долг на крајот на оваа година ќе достигне 70 проценти од БДП.
Според податоците на Хрватската народна банка, долгот, во кој е вклучен и долгот на „централната власт“, „локалната власт“ и фондовите за социјална безбедност, на крајот на февруари оваа година дополнително се зголемил и изнесувал 223,5 милијарди куни, односно 68 проценти од БДП.
Во однос на јануари, вкупниот долг пораснал за 3,95 милијарди куни, односно за 1,8 проценти.
Вкупните гаранции на Република Хрватска во февруари изнесуваа 53,4 милијарди куни, што во однос на јануари е раст за 619 милиони куни.
Државните потреби за финансирање и оваа година остануваат високи и се проценуваат на 20 проценти од БДП.