3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФиат губи по 10.000 евра на секој продаден примерок на 500е

Фиат губи по 10.000 евра на секој продаден примерок на 500е

e petsto fiat

Пред три години Серџо Маркионе предвиде дека компанијата ќе губи околу 7.000 евра на секој произведен примерок на електричниот „500e“.

Но, за жал оваа бројка во меѓувреме порасна на 10.000, па извршниот директор на „Фиат-Крајслер“ групацијата на шега апелираше луѓето да не го купуваат овој автомобил.

„Доколку размислувате дали да го купите моделот „500е“, се надевам дека ќе се откажете, затоа што со секој продаден примерок губиме 10.000“, рекол Маркионе.

Автомобилот Фиат „500е“ има литиум-јонска батерија од 24 kWh и електричен мотор со 111KS и 200Nm кои му овозможуваат на ова возило да ја постигне максималната брзина од 137km/h и има автономија од 140km со едно полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП