3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна Економскиот форум во Санкт Петербург

Започна Економскиот форум во Санкт Петербург

forum1snkpet

Тридневниот меѓународен Економски форум во Санкт Петербург започна денес, а главна тема е „Одржлива доверба во светот кој се трансформира“.

Ова прашање ќе биде главна тема на пленарниот состанок на кој утре ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин. Првиот ден од форумот е посветен на деловната програма.

На форумот ќе учествуваат 6.500 лица од 72 држави, вклучувајќи и 2.500 претставници од деловниот свет, пренесува Итар тас.

Се очекува пристигнувањето на 140 шефови на странски компании и 469 извршни претставници на руските компании. Најавено е и учеството на голем број на менаџери од висок ранг од Европа.

Под притисок на нивните влади поради ситуацијата во Украина, од форумот се откажаа 34 менаџери на водечки странски компании, главно од САД.

Многу од нив беа редовни учесници претходните години, а наместо нив пристигнале менаџерите од понизок ранг или регионалните директори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП