1 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗапочнувате сопствен бизнис? Еве во што не треба да верувате...

Започнувате сопствен бизнис? Еве во што не треба да верувате…

starting-businesskjuhyg56

Која е најомилената лага која сте ја слушнале во врска со започнувањето на сопствен бизнис? На ова прашање во продoлжение на текстот ќе одговори Business Insider…

Ќе бидете сам свој газда

„Не само што нема да бидете сам свој газда, туку се повеќе луѓе ќе имаат клучен удел во вашиот успех, вклучувајќи ги и потрошувачите, продавачите или персоналот. Ако сега мислите дека вашиот шеф има неразумни барања, само почекајте додека не ви се јави вашиот муштерија во 2 наутро за да решите некаков проблем“ – Александра Левит, Inspiration at Work

Вие контролирате се

„Тоа не е точно, вашите клиенти контролираат се. Тоа ќе го увидите кога ќе имате нула на сметката во банка. Тој ден ќе научите да слушате и да се прилагодувате на нивните барања. Не заборавајте, ако клиентот не ви плати, нема да можете да платите за изнајмување на просторот, да ги платите вработените и сл. Муштериите се вашите шефови и тие се контролираат“ – Дерек Капо, Next Step China

Бизнисите главно пропаѓаат

„Ваквите статистики покажуваат дека голем број на компании пропаѓаат секој ден. Но додека гледам дека мноштво компании се менуваат, менуваат, менуваат, го менуваат името, насоката или било што друго, не гледам многу кои целосно се угасиле“ – Трит Брам, Hyper Modern Consulting

Компаниите сами се водат

„Мојата компанија главно сама се води. Ако слушнете некој вака да ви каже, тоа е лага. Многу претприемачи ме прашуваат нешто вакво, но само лицето кое не било претприемач може да праша нешто вакво“ Дени Боис, Speek

Имате целосна слобода

„Најголемата лага е дека водењето на компанијата ви овозможува сами да си ги одредите работните часови и дека тоа ви дава тотална слобода. Во реалноста, јас немам контрола над своите работни часови и распореди. Ако сакате да започнете свој бизнис поради слободата, размислете повторно“, Дејвид Ехренберг, Early Growth Financial Services

На крајот ќе успеете ако напорно работите

„Всушност, ако паметно работите, а не само напорно, ќе ги подобрите шансите за успех“ Ендру Шраге, Money Crashers Personal Finance.

Потрошувачите ќе ги привлече сјајната идеја

„Ако изградите идеја, тие ќе дојдат. Нормално, тоа е сјајна замисла, но исто така и опасна. Не треба да очекувате дека вашата работа ќе привлече потрошувачи, дури и ако мислите дека имате најдобра идеја на светот. Клучно е да имате адекватен план и да имате буџет за маркетинг, само во случај на некои луѓе да им треба повеќе време да се уверат дека вашата идеја е сјајна“, Николас Гремион,  Free-eBooks.net

Сите ќе ве поддржат

„Да кажете дека ќе имате целосна поддршка од сите на почетокот на новата деловна авантура е нереално. Бидете подготвени за негативни коментари на почетокот како и за стравот на вашите сакани. Сето тоа ќе се промени, но потребни ви се неколку успешни месеци“, Ким Каупе, ZinePak

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП