26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle ќе потроши до 30 милијарди долари за компании надвор од САД...

Google ќе потроши до 30 милијарди долари за компании надвор од САД

guglese

„Google“ троши многу пари во странство за финансирање на превземања на компании, кои можат да го чинат интернет гигантот околу 30 милијарди долари.

Потенцијалната цена за експанзијата на „Google“ надвор од САД се појави вчера во документи откривајќи го одговорот на компанијата на неодамна поставените прашања од американската Комисија за хартии од вредност и берзи (SEC).

Откако компанијата беше под притисок да открие повеќе детали за плановите за своите средства во странство, од таму се изјасниле дека меѓу 20 и 30 милијарди долари се издвоени за превземања на странски компании и технолошки права надвор од САД.

Од „Google“ не објавиле конкретна програма за времето за финализирање на трансакциите, ниту пак ги споменале имињата на потенцијалните кандидати за превземање.

„Google“ речиси постигна големо стекнување на крајот на минатата година, според писмото на компанијата до „SEC“. Од „Google“ одбија да го коментираат писмото. Ако овој потенцијален договор се реализира, тој треба да го собори рекордот за најголемо стекнување на „Google“ во странство досега – минатогодишното купување на израелска компанија „Waze“ за 1 милијарда долари.

Во последната деценија „Google“ потроши околу 27 милијарди долари за превземања главно во САД. Нејзината најголема зделка е купувањето на „Motorola Mobility“ за 12,4 милијарди долари пред две години.

Во моментов, „Google“ е во процес на продажба на телефонскиот бизнис на „Motorola“ на „Lenovo“ за 2.9 милијарди долари.

Освен купувањето на странски компании, „Google“ исто така може да потроши околу 4 милијарди долари за канцеларија и центри за податоци надвор од САД, според објаснувањето до „SEC“.

Средствата на „Google“ во странство во март месец изнесуваа 34,5 милијарди долари. Другите 25 милијарди долари кеш, компанијата ги држи во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП