5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален трговскиот дефицит на Јапонија поради пад на увозот

Намален трговскиот дефицит на Јапонија поради пад на увозот

japonija14

Трговскиот дефицит во Јапонија во април е намален, бидејќи увозот порасна со најбавното темпо за последните 16 месеци поради зголемувањето на данокот на додадена вредност.

Обемот на увозот во април порасна за 3,4 проценти на годишно ниво, а на извозот за 5,1 проценти, што придонесе за намалување на трговскиот дефицит за 7,8 проценти на годишно ниво, односно на 808,9 милијарди јени (осум милијарди долари), пренесува агенцијата АФП.

Понискиот трговски дефицит на Јапонија, би требало да помогне во напорите на премиерот Шинзо Абе да воспостави одржливо економско закрепнување, како и да ја извади Јапонија од повеќегодишната дефлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП