8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на вработени во Франција

Зголемен бројот на вработени во Франција

francija

Во францускиот пазарен сектор, бројот на вработени со стаж подолг од еден месец, не сметајќи ги привремено вработените, во април се зголеми за 3,8 проценти, по падот од 1,6 проценти во март, покажуваат официјалните податоци на Централната агенција за социјална безбедност.

Во периодот февруари-март-април вработеноста е намалена за 0,5 проценти во однос на претходните три месеци, додека во споредба со истиот период минатата година таа е зголемена за 2,9 проценти, пренесува Ројтерс.

Бројот на вработени во категоријата привремено вработени е намален за 0,8 проценти во првиот квартал, по растот од 0,4 проценти во последниот квартал од 2013 година, додека во однос на првиот квартал минатата година остварен е раст од 3,4 проценти.

Во индустријата бројот на вработени е намален за 0,2 проценти во првите три месеци на квартално ниво и за 1,2 проценти на годишно ниво. Во април во овој сектор сепак дошло до раст од 0,9 проценти во однос на претходниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП