3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBurberry го зголеми годишниот профит

Burberry го зголеми годишниот профит

burb6_1871695b

Британската модна компанија „Burberry“ во фискалната 2013-2014 година го зголеми профитот за осум проценти, што е значително над очекувањата на аналитичарите, оваа компанија исто така го зголеми и износот на дивидендата за десет проценти.

За фискалната година завршена на крајот на март, оваа групација, основана пред 158 години, забележа бруто профит од 461 милиони фунти (567 милиони евра), пренесува Ројтерс.

Приходите од продажбата се зголемени за 17 проценти, на 2,33 милијарди фунти, а за фискалната година која штотуку започна, „Burberry“ предвидува раст на приходите во малопродажбата од еден до пет проценти, благодарение на новоотворените продажни објекти.

Приходите од трговијата на големо, надвор од сегментот за убавина, би требало да останат непроменети во првата половина од тековната фискална година, оценуваат во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП