29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенови на занаетчиството

Денови на занаетчиството

7678687jjuy

Старата скопска чаршија во наредните три дена ќе биде домаќин на традиционалната градска манифестација „Денови на занаетчиството 2014“ во чии рамки ќе се одржи и Пролетен базар на креативни рачно изработени предмети и презентација назанимања и струки од средното стручно образование.

Тезгите на кои со свои производи ќе се претстават ракотворците ќе бидат поставени предпросториите на Занаетчиската комора Скопје. Посетителите ќе имаат можност да погледнаткако се изработуваат одредени ракотворби, да споделат искуства и да купат рачноизработени предмети.

Целта на манифестацијата „Денови на занаетчиството“ е да го промовира занаетчиството изанаетчиите, односно нивните производи и услуги, да го доближи занаетчиството до младителуѓе, до граѓаните и до институциите, да поттикне континуирана кампања за промоција назанаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културатана нашата земја, како и можност за квалификација и оспособување на идниот занаетчискикадар и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваатсо занаетчиска дејност.

Градот Скопје е покровител на оваа манифестација, а организатор е Занаетчиската комораСкопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП